45-годишен кумановец загина во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец со иницијали Т.Т. рано утринава околу 02:20 часот го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Loading...

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, кумановецот управувајќи патничко моторно возило „Голф“ излетал од патот на крстосницата меѓу населбите Ајдучка чешма и Перо Чичо, по што загинал на лице место.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово.

Пред само девет дена животот во сообраќајка го загуби и 27-годишен кумановец при судар на патот Куманово – Крива Паланка.

Leave a Reply