44 нови случаи во Куманово, најголем дел здравствени работници

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четири нови случаи изминатото деноноќие се регистрирани во Куманово, со што вкупната бројка изнесува 306 лица.

Loading...

Како што информираат од Центарот за јавно здравје од Куманово, од новите случаи, 21 се здравствени работници, а десет лица се членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување, меѓу кои и градоначалникот Максим Димитриевски.

Деветнаесет од новозаболените здравствени работници се од Општа болница Куманово, еден од Здравствениот дом Куманово, а исто така уште еден лекар од приватна ординација.

Големата бројка на нови случаи се должи и на големиот број тестови кои се земени изминатите денови од подрачјето на општината, пред се од вработените во болницата.

Вкупно во кумановската болница се заразени 71 лице.

Во градот постојат 12 кластери на заразата и сите се следат интензивно.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Loading...

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19:

Скопје – 28

Куманово -44

Дебар – 2

Штип – 1

Прилеп – 11

Тетово – 5

Струга – 1

Loading...

Велес -4

Битола – 6

Кавадарци -1

Гостивар – 2

Кочани -1

Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

Скопје – 367

Loading...

Куманово – 306

Дебар – 51

Штип-32

Прилеп –100

Тетово – 48

Струга – 50

Loading...

Велес – 40

Битола –15

Охрид –7

Кавадарци – 4

Гостивар –12

Loading...

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-4

Радовиш – 4

Крушево – 3

Loading...

Кочани – 26

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Loading...

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.

 

Leave a Reply