44 мигранти откриени во возило на автопатот Куманово – Табановце

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречи шверц на вкупно 44 мигранти, кои вчера утринава околу 4:15 часот ги открила во товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со српски национални ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Издишаната гума бил повод полицијата да оди кон возилото со цел да помогне, но лицето кое го управувало возилото се дало во бегство. При контрола во просторот за товар пронајдени биле вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан.

Мигрантите се приведени во Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.