44-годишен кумановец ќе одговара за затајување

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Љ.(44) од Куманово, за сторено кривично дело „затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 26.06.2017 година противправно присвоил патничко моторно возило „Пежо RCZ“ , кое му било доверено од страна на А.С. под изговор да оди во Струга и за два дена да му го врати возилото. Возилото не било вратено на сопственикот по договореното време, со што пријавениот се стекнал со имотна корист од околу 1.230.000 денари.