41 казна за брзо возење вчера во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Вкупно 41 лице биле казнети вчера на територијата на општина Крива Паланка, поради управување автомобил со брзина над дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден (28.02.2021) презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка  санкционираа 41 возачи кои  управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од сообраќај биле исклучени  5 возила поради други прекршоци, а едно возило е одземено поради непродолжена регистрација повеќе од 6 месеци.

Засилените контроли, како што додаваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply