4.200 евра запленија цариниците на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

4.200 евра биле откриени од страна на мобилните царински тимови при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

Во рачна ташна на возачот биле пронајдени 6.200 евра за кои не поседувал документ за потекло, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.

За сторениот девизен прекршок против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply