4.150 евра, технички производи и женски хулахопки запленети на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за внесување на месо со поминат рок, открија една царинска измама, мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани семки од марихуана, девизи, цигари, облека, товарно возило, апарат за тестирање дизни, техничка стока, алат, фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

4.150 евра биле откриени при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи австриски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патникот пријавил дека со себе носи околу 2.500 евра, но во мала рачна торба се пронајдени 6.150 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 4.150 евра привремено биле задржани и против патникот е отпочната соодветна постапка.

devizi mobilna

Во рацете на цариниците паднале и 540 парчиња женски хулахопки, откриени при контрола на македонски автобус кој сообраќал на редовната линија Болзано-Дебар, а бил управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Хулахопките биле пронајдени во три патнички торби, сместени во багажниот простор на автобусот и истите привремено биле задржани, а против возачот, кој ја преземал одговорноста за стоката, е поведена соодветна постапка.

hulahopki 2031

Апарат за тестирање „common rail“ дизни, марка „AS“, откриен бил при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Апаратот, пронајден позади совозачкото седиште, е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Цариниците на граничниот премин Табановце спречиле шверц на 386 разни технички производи, машини и алати (бормашини, полначи за батерии, мотокултиватор, машини за перење возила, авто-радиокасетофони, USB стикови, DVB-T ресивери, звучници, слушалки, WEB-камери, брусилка и DVD плеер), откриени во 3 одвоени случаи, при контрола на три возила, пријавени за влез во државата.

teh. stoka 2031

Во првиот случај, при контрола на француски автомобил, управуван од македонски државјанин, во торби и кутии сместени во багажниот простор, пронајдени се 358 разни технички производи (авто-радиокасетофони, USB стикови, DVB-T ресивери, звучници, слушалки и WEB-камери).

Во вториот случај, при контрола на италијански автомобил, управуван од македонски државјанин, во пет патни торби сместени во багажникот на возилото, се пронајдени 21 бормашина со полначи за батерии марка BLACK&DECKER, BRIKSTEIN BKAV 144VG и STANLEY FMC 625 H1,  и 6 полначи за батерии марка BOSCH, STANLEY FATMAX и WORK WA 3860.

bormasini 2031

Во третиот случај, при контрола на празно белгиско товарно комбе управувано од македонски државјанин, во товарниот дел, покриени со неколку стари теписи, пронајдени се 1 мотокултиватор марка HONDA МС 738 GX 270, 4 Машини за перење на возила марка KARCHER, 1 рачна брусилка марка BOSCH и 1 DVD плеер марка PHILIPS.

Во сите три случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.