34 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Алжир

Сподели со своите пријатели

Најмалку 34 лица загинаа во сообраќајна несреќа во средата рано наутро на југот на Алжир.

Loading...

Според соопштението на алжирската жандармерија, несреќата се случила на магистралниот пат број 01 во селото Атол, во провинцијата Таманрасет.

Целосно изгореле патничкиот автобус и автомобилот кој учествувал во несреќата.

Во несреќата загинале 34 лица, а 12 се повредени.