34-годишен кумановец тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Едно лице потешко повредено при судир на две возила.

Loading...

На 28.12.2019 околу 22,30 часот во Куманово, на улицата „Драган Стопаревиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(46) од Куманово, и патничко моторно возило„рено твинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(34) од Куманово.

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничко моторно возило„југо корал“ И.Т.(34) од Куманово кој е пренесен во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Leave a Reply