СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д.(34) село Биљановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Loading...
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 08.04.2019 во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Исто така, при претрес во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.