32-годишен кумановец не ја почитувал самоизолацијата, па доби кривична пријава

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.К.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Loading...

Пријавениот, на 18.03.2020 остварил влез од Германија во Р.С.Македонија преку Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје и потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.

На 20.03.2020 при извршена контрола од полициски службеници на адреса која била наведена во изјавата како место на кое ќе ја спроведувал самоизолацијата, тој не бил пронајден.

Никола Ивановски

Leave a Reply