29-та Лесновска ликовна колонија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток  со почеток во 13 часот вќе биде отворена изложба на слики од 29-та Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи триесеттина слики работени во периодот 28.06. – 03.07.2021 од страна на петнаесетте учесници на колонијата.

Loading...

Оваа ликовна колонија е од меѓународен карактер но поради пандемијата само еден учесник е од странство. Инаку учество зедоа следниве уметници:  Валентина Илијевска -Васил Гаврилов -Душан Коцев -Дарко Заревски -Димитар Димитров -Ѓоко Антониев -Киро Јосифов  -Марјанчо Крстев -Новица Трајковски -Силвана Богатинова -Соња Р. Јовановски -Стефанија Ангеловска -Тони Чатлески -Филип Добривоевски – сите од Македонија и Летив Намдаганхин од Монголија.

Лесновската меѓународна ликовна колонија се организира од 1992 година од страна на Домот на културата “Злетовски рудар“ – Пробиштип а во 2021 година доби финансиска поддршка и од Министерството за култура од РС Македонија.

Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 23.02.2022.