29 февруари и сите суеверија поврзани со овој ден

Сподели со своите пријатели

Денес е 29 февруари, ден кога треба да се ужива максимално, бидејќи следниот 29 февруари ќе дојде дури за четири години.

Престапната година има 366 денови, еден ден повеќе од останатите, затоа што февруари има 29 дена. Сето тоа се случува поради усогласување на календарот со астрономската година. Годината која неодамна започна е всушност таква, т. е престапна.

За секоја престапна година се врзуваат разни суеверија, па така на пример Балканците сметаат дека престапните години не се добри за венчавка. Велат дека таквите бракови не траат долго.

Доколку пак дојде до венчавка, пожелно е девојката да го запроси момчето, а ако тој одбие, мора да и подари бакнеж и пар свилени ракавици, вели балканското суеверие.

Ако пак се занимавате со овоштарство, тогаш постои суеверие и за таа намена. Се верува дека овошјето кое ќе биде насадено во престапна година, ќе раѓа плодови секоја втора, па дури и секоја четврта година.

Меѓутоа, ако пак се решите да садите овошје токму оваа година, подобри плодови ќе може да наберете ако овошјето го насадите во пролет а не есеноска.

Занимливо е дека децата родени на овој ден, се нарекуваат престапни деца, и роденденот го слават на 1 март, односно секоја четврта година.

Во Ирска, секое дете родено на 29 февруари добива награда од 1000 фунти.