24 казни за неносење маска, две прекршувања на полицискиот час во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 24 лица во текот на изминатото деноноќие биле казнети во Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, додека две лица го прекршиле полицискиот час.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.06/09.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 35 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголемиот дел од издадените прекршочни налози биле во Куманово 24, во Крива Паланка 6 и во Кратово 5.

За истите, како што потенцираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 5 (пет) лица не ја почитувале забраната

за движење од кои 3 (три) во Куманово и 2 (две) во Кратово

Никола Ивановски

Leave a Reply