Познатиот актер и стендап комичар Сашко Коцев повторно ќе настапи пред кумановската публика со својот стендап настап „Широк дијафазон“. Настанот е закажан за 24 јуни (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура Куманово.
Станува збор за последна изведба на овој стендап во Куманово, што настанот го прави особено значаен за љубителите на хуморот и театарот.
Се повикуваат сите заинтересирани навреме да си обезбедат билети, имајќи го предвид ограничениот број места и зголемениот интерес.
Билетите се достапни на билетарата во Центарот за култура Куманово, во редовното работно време: од 10:00 до 14:00 и од 17:00 до 20:00 часот. Цената на билетот изнесува 400 денари.
„Широк дијафазон“ е препознатливо стендап остварување на Сашко Коцев, кој со својот хумор, енергија и актерска изведба постојано привлекува публика низ целата земја. Настанот претставува одлична можност за кумановци да уживаат во вечер исполнета со смеа и актуелна сатира.
Никола Ивановски