234 казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 234 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, а најголем дел од нив поради брзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 234 возачи, информираат денеска од кумановската полиција.

Од вкупниот број санкционирани возачи, 182 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола и 18 останати видови прекршоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски