23 мај неработен ден за Власите

Сподели со своите пријатели

Националниот ден на Власите, 23 мај е неработен ден за припадниците на оваа заедница.

Loading...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај (сабота), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Никола Ивановски

Leave a Reply