23-годишен кумановец повреден во ноќен клуб

Сподели со своите пријатели

На 21.01.2018 година околу 03,00 часот било пријавено дека Д.Д. (23) од Куманово додека бил заедно со негови другари во ноќен клуб во Куманово, М.С. (23) од с.Умин Дол– кумановско започнал вербална расправија со него и почнал да му се заканува, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Потоа М.С. го фатил за вратот и со тупаница го удрил во пределот на лицето, а потоа уште неколку лица се нафрлиле врз Д.Д., при што во еден момент Д.Д. почувствувал болка и крварење во пределот на десниот колк. Д.Д. бил пренесен во Општата болница во Куманово каде му е укажана лекарска помош.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.