222 случаи во Куманово изминатата недела, починале 15 лица

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (18.10 – 25.10) бројот на нови случаи во Куманово е 222, а активните случаи во Куманово се се намалени и нивниот број изнесува 462, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 222 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Тоа е зголемување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 163 случаи. Пред точно седум дена бројот на активни случаи бил поголем и изнесувал 568.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 15 лица од Куманово и Липково, што е значително зголемување ако се земе предвид дека неделата претходно починале шест лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во среда, вкупно 50.

Loading...

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 12.104 случаи позитивни на коронавирусот.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 6.393 случаи во целата држава.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 199.766 случаи, од кои во моментот се активни 6.393. Оздравени се 186.322, а починати 7.051 пациенти.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство

Loading...