21,7 килограми марихуана запленети на Табановце (галерија)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 21,7 килограми марихуана во текот на вчерашниот ден поточно во 23:20 часот биле запленети на граничниот премин Табановце, информираат денес од Царинската управа на Република Македонија, така да денот на управата освен со свечена церемонија беше збогатен и со голема заплена.

 

Loading...

b2b1b1bd-9470-4145-84ec-bc5263a8f159

 

Имено, царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, на 14 април 2016 година, околу 23:20 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија селектирале за контрола патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин.

 

91f5f4c9-b059-446e-8a8a-5c33da290873

 

При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, во долниот дел од возилото кај резервната гума, во резервна гума, под предните калници, во вратата од багажникот и под пластиките од задните седишта пронајдени се 40 опаковки обвиткани со леплива трака и алуминиумска фолија. Опаковките биле исполнети со зелена тревкаста материја.

 

82a966c7-ac3c-4139-b235-ed30fd0cc449

Loading...

 

По извршено мерење и тестирање со тестер за дрога, констатирано е дека се работи за 21,7 килограми марихуана. Откриената дрога и лицето се предадени на Министерството на внатрешни работи за понатамошна постапка.

2b98d1e7-6245-4aad-bc09-114b93bf506a


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.