200 сообраќајни незгоди во Куманово во првата половина од годинава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 200 сообраќајни незгоди биле регистирани во текот на првото полугодие од 2022 година на територијата на Општина Куманово.

Loading...

Ова го покажа извештајот на Полициската станица од Општа надлежност Куманово кој беше презентиран на седница на Советот на Општина Куманово.

Состојбата во однос на патниот сообраќај, како што посочи заменик командирот Суад Ајдари, е релативно стабилна.

– Во однос на патен сообраќај, состојабата е ралативно стабилна со оглед на јавните патишта и улиците се случија вкупно 200 сообраќајни незгоди, а минатата година 14, рече командирот.

Во првите шест месеци годинава четири лица загинале во сообраќајна несреќа, додека лани имало еден смртен случај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови во Куманово: Димитриевски победи

17 лица се здобиле со тешки телесни повреди, 108 со телесни повреди, а во 71 случај имало материјална штета.

Кривичните дела од областа на патниот сообраќај бележат зголемување од 34,23 отсто.

– На превентивно репресивен план преземени се следни активнсоти, поради управување возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, како и управување технички неисправно или нерегистрирано возило, исклучени од сообраќј се 929 возачи, минатата година 551, рече заменик командирот.

Loading...

Полицијата во првите шест месеци извршила алкотестирање на 705 возачи, а кај 489 било утврдено дека управувале возило под дејство на алкохол.

Никола Ивановски