20-годишно момче со секира нападнато во механичарска работилница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 16,30 часот, во механичарска работилница на улицата „Христијан Карпош“ во Куманово лицата Б.С. од селото Ропаљце, А.Д. од село Черкезе и уште две непознати лица извршиле насилство над М.С. (20) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тие физички го нападнале удирајќи го со рачка од секира во пределот на грбот, при што му нанеле телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.