Денес повторно сонце – од четврток ветер од северен правец

Сподели со своите пријатели

Ведро и тивко време се очекува за денес, велат метеоролозите на УХМР.

Loading...

Температури над 20 степени се очекуваат во гевгелиско-дојранскиот крај, околу 18°С долж Вардар, сè до Демиркаписката клисура и низините во источниот крај. Југозападниот крај очекува максимална темпераура околу 17°С.

Слично време се очекува до петок. Сабота и недела ќе бидат за нијанса посвежи, но сепак сончеви, јавува Метеопро.

УХМР за четврток најавува појава на слаб ветер што ќе продолжи и за викенд, но од северен правец.