18 години затвор за лажен саудиски принц

Сподели со своите пријатели

Човек кој повеќе пати се претставил како саудиски моарх, за да измами инвеститори и имал желба да живее „на висока нога“ осуден е на 18 години затвор. Измамата пропаднала откако на една жртва и станал соминтелен, затоа што го видела како јаде свинско, што е забрането во исламот.

Loading...

Ентони Гинјак (48) осуден е пред судот во Мајами поради присвојување на осум милиони долари додека се претставувал дека е Суталн Бин Калид ал-Сауд, пренесува АП.

Најстарата жена во светот е измамник: Го украла идентитетот? (ВИДЕО)

Гинјак со својот плен купил „ферари“, часовници од брендот „ролекс“ и изнајмил апартман во јужниот дел на Флорида.

Во март се изјаснил дека е виновен за никаква измама, лажно претставување како дипломат и за други злочини.

Обвинителите навеле дека ова е најмалку 11ти пат Гинјак лажно да се претставувал како саудиски принц.

Мислела дека го запознала својот принц, а потоа целиот свет и се срушил

– Бил т.н. принц и секој го натерал да поверува во тоа, изјавил Сесија Алонтага, американски окружен судија.

Loading...

Гинјак рекол дека Алонтаги, додека тој ја прифаќа одговорноста, има уште луѓе кои биле вмешани и кои треба да бидат обвинети. „Не сум монструм“ рекол Ентони.

Гинјак е роден во Колумбија, но го присвоило семејство во Мичиген додека бил дете и има американско државјанство.

Студенти од Кина со неверојатна измама заработиле над милион долари

Јавниот бранител на Гинјак, Ајана Харис, рекла дека неговото тешко детство допринело за неговите проблеми. Таа прочитала писмо од неговиот помлад брат Даниел Гинјак кој опишал како биле напуштени во Колумбија.

Нивните усвоители подоцна се развеле. Даниел рекол дека неговиот брат бил присилен да се грижи за него.

– Страшна животна приказна е основната причина за неговиот криминален живот, рекла таа.

Илјадници луѓе наседнаа на новата интернет измама

Според Лос Анџелес тајмс, Гинјак во 1991 година украле десет милиони долари од компанија за изнајмување лимузини и хотелот „Беверли Вилшир“.

Loading...

Њујорк тајмс известува дека во 2006 година, Гинјак се изјазнил дека е виновен затоа што наплатил 28.000 долари од компјутер на саудиски моарх. Исто така се обиел да подигне околу четири милиони долари од непостоечка сметка во „Ситибанк“.

Во една од измамите во 2015 година, Гинјак и неговиот покоен партнер Карл Вилијамсон основале измамничка инвеститицка компанија „Марден Вилијамсон Интернешенл“.

Откриена лото измама на векот (фото)

На инвеститорите им зборувале дека Гинјак е саудиски моарх и дека има пристап до екслкузивни договори. Жртвата од Швајцарија инвестирала пет милиони долари.

Гинјак во 2017 година го убедил Џефри Софер, сопственикот на хотелот „Мајами бич фонтејнблу“ дека сака да инвестира стотици милиони долари во неговиот познат ресорт.

Мислел дека наследува огромно богатство, а сега му се заканува доживотен затвор

Софер му дал 50.000 долари во подароци. Тој сепак сфатил дека нешто не е во ред кога видел Гинјак дека јаде сланина и други свински производи и веднаш ги известил властите.

Leave a Reply