Илјадници луѓе наседнаа на новата интернет измама

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се појави лажна вест дека на 20. април годинава на небото ќе се појави необичен феномен.

Се работи за „зелена Месечина“ – „појава“ која наводно „се гледа еднаш во 420 години“.

Индепендент наведува дека оваа измама потекнува од 2016. година, кога некој одлучил да се пошегува и да фотошопира обична фотографија од Месечината.

Со оглед на тоа дека имавме можност да видиме сина крвава Супермсечина, многумина поверувале.

Бројот 420 инаку е тесно поврзан со канабисот. Имено, 20. април (20.4) се смета во САД за неофицијален празник на уживателите на марихуана.

Истата „вест“ се појавувала и во април 2017. година, а за оваа ќе почекаме да видиме.

 

Loading...


Leave a Reply