Мислела дека го запознала својот принц, а потоа целиот свет и се срушил

Сподели со своите пријатели

Норвешка студентка на апликацијата за запознавање Тиндер запознала згоден маж од Израел. Кога го договарала првиот состанок, не претпоставувала дека ќе и го скрши срцето и ќе ја ограби.

Loading...

Сесил Фјехој (28) студирала во Лондон кога го запознала мажот кој се претставувал како Симон левиев.

Тврдел дека е син на милијардер и трговец со дијаманти Лев Левиев. Нивниот прв состанок минал прекрасно.

Симон ја одвел Сесил со приватен авион во Бугарија. И рекол дека дома го нарекуваат „принц на дијамантит“ и дека е богат наследник.

Раскажал дека е зафатен и дека често патува. Започнале врска на далечина и Сесли се вљубила. Секојдневно разменувале романтични пораки и видео повици.

По неколку недлеи Симон ја замолил Сесил да му ги даде податоцит еод својата кредитна картичка за да може анонимно да троши пари. Рекол дека ќе и ги врати сите пари кои ќе ги потроши на авионските билети, хотели, вечери… Објаснил дека му требаат многу пари за да го згрижи целиот свој тим.

Откако Сесил го добила листингот од месечната смета, сфатила дека Симон трошел пари во луксузни продавници во Бангкок и дека престојувал во хотелот Риц во Берлин.

Во само месец дена тој потрошил анд 75.000 долари, повеќе од половина од нејзината картичка. Постојано и бетувал дека ќе и ги врати парите. Наскоро сфатила дека се работи за измамник.

Loading...

– Ми дојде да повратам. Прв пат во животот бев во таков шок. Се чувствувам како самата да си го уништив животот, вели таа.

Полицијата успеала да го пронајде мажот и дознале дека неговото вистинско име е Шимон Хјуан.

Шимон веќе од претходно и бил познат на полицијата и седум години минал зад решетки во Финска затоа што една жена веќе ја измамил за огромна сума, а во Израел го бараат поради неколку измами.

– Се мразам себе. Болно ми е сево ова. Не го изгубив момчето, не ме остави туку никогаш и не постоеше, тажно раскажала Сесил, а пишува MSN.

Leave a Reply