17 лица загинаа во пожар во Кина

Сподели со своите пријатели

Во пожар што избувна денеска во ресторан во североисточна Кина, загинаа 17 лица, а три лица се повредени, јави државната телевизија CCTV.

Loading...

Пожарот избувнал околу 13 часот по локално време во мал ресторан во Ченгчуен, главниот град на провинцијата Џилин, јавува Ројтерс.

Сите повредени се пренесени во болница, а надлежните вршат увид за утврдување на причините за несреќата.