17 казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 17 лица во текот на изминатото деноноќие биле казнети во Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (16.06/17.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 24 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од напишаните казни се во Куманово 17, во Крива Паланка 4 и во Кратово 3.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply