16.988 цивилни жртви во 12 вооружени конфликти лани низ светот

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го осуди „неуспехот“ на меѓународната заедница да ги „заштити“ цивилите од вооружени конфликти.

Loading...

Бројот на жртви на конфликти и хуманитарните последици од тие конфликти се зголемија за повеќе од 50 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.

„Вистината е страшна: светот не ги исполнува своите обврски за заштита на цивилите, обврска загарантирана со меѓународното хуманитарно право“, изјави синоќа Гутереш пред Советот за безбедност.

Состанокот на Советот за безбедност се одржа на барање на овомесечниот претседавач, Швајцарија, за да се разговара за извештајот на генералниот секретар за „заштита на цивилите во вооружени конфликти“.

Според тој документ, „во 2022 година, ОН забележале најмалку 16.988 цивилни жртви во 12 вооружени конфликти, што е зголемување за 53 отсто во споредба со 2021 година“.

„Само во Украина, Обединетите нации имаат податоци за 7.957 убиени цивили и 12.560 повредени, иако овие бројки се веројатно поголеми“, рече Гутереш.