153 сообраќајнипрекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Loading...

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, пет за возење без возачка дозвола, 10 за некористење сигурносен појас.

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 35 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Leave a Reply