15 загинати, 6 исчезнати и 22 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје

Сподели со своите пријатели

До утринава во 8.30 часот15 лица се регистраирани како починати од вчерашното невреме кое го зафати скопскиот регион, шест се водат за исчезнати, а 22 лице се повредени и побарале помош на скопските клиники.

Во врска со елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила , а пријавени се починати- удавени и исчезнати лица, велат од МВР.

За таа цел од МВР биле ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ, ПЕП, Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.

Поради настанатите свлечишта кај клучката кај Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила . Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.

Дел од порталите јавуваат за 20 жртви, меѓутоа последната информација оа Министерството за внатрешни работи вели дека засега се 15 загинати лица.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.