Познато е дека тие непишани правила се базирани на повеќегодишна пракса и дека секогаш се верувало дека одредени ситуации наговестуваат на нешто, односно дека носат среќа или несреќа.
Кога наутро излегувате од дома, внимавајте некој да не ви дојде во пресрет. Децата носат среќа и радост цел ден. Момче и девојка се знак дека тој ден ќе биде несреќен. Маж и жена претставуваат дека се во денот ќе мине по ваша желба. Ако има многу стари луѓе тој ден ќе бидете лути. Ако од рано утро ви се случи некоја незгода, тој ден не започнувајте ништо важно.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што би требало да направите ако сакате да имате убав маж?
Кога ќе тргнете на пат, ако нешто заборавите па се вратите да го земете, не очекувајте корист од тоа.
Кога прв пат ќе спиете во туѓ кревет, запамтете што сонувате, затоа што тој сон се исполнува.
Сонот кој го сонувате во нов стан исто така ќе се исполни.
Кога двајца ќе се удрат со главите во желба нешто да кренат, ќе се засакаат.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што значи кога ве чеша дланката, лактот или прстите?
Ако скокнете на Православна Нова година од столчето во полноќ, како сте скокнале, таква ќе ви биде целата следна година.
Кога четири луѓе при разделба се ракуваат, па рацете се вкрстат ве чека караница и раздор.
Ако детето го фати дожд додека не наполни година дена, ќе биде слабо.
Кога странец ќе замине од домот, а не седнал, ќе го однесе мирот од куќата.
Кога 13 лица седат на иста маса, некој од нив ќе се разболи.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Ако видите змија во вашиот двор немој да ја убиете
Не станувајте наутро на лева нога, за да не бидете злобни цел ден.
Ако се миете со некој во едно лавабо или се бришете со ист пешкир, ве чека караница.
Ако ноќе слушнете дека некој ви чука на врата, а причината не можете да ја протолкувате, тоа е наговестување на злото.