07.05.2019 15:11

14ти Фестивал на новиот германски филм во Куманово


Со проекција на комедијата „100 работи“ во МКЦ „Козјак“ Куманово од 14.05.2019 година ќе се одржи 14 Фестивал на новиот германски филм.

Драма, трагикомедија и комедија, семеен, детски и документарен филм, серија кратки филмови ќе се најдат на репертоарот на Фестивалот оваа година.

loading...

Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали.

– Еден од филмовите беше и во конкуренција за награда „Златна мечка“ на престижното Берлинале, велат огранизаторите.

Од 14 мај (вторник), во салата на МКЦ „Козјак“Куманово ќе бидат прикажани филмовите:

„100 работи“; „Жешко столче“; „Во време кога светлината згаснува“; „Исход на вистината“; „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“; „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“; „Помош ги смалив родителите“ и „Серија кратки филмови“.

Филмските проекции ќе започнат во 20 часот, секој ден од 14 до 22 мај 2019 година во МКЦ„Козјак“ Куманово, а ќе има и организирани проекции за ученици.

Фестивалот се одржува секоја година во десет општини во Република Северна Македонија и тоа: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

На отварањето на Фестивалот се очекува да присуствуваат и да се обратат амбасадарот на Германија Томас Герберих и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Фестивалот се организира со подршка на Германската Амбасада во Република Северна Македонија и Советот на општина Куманово. Овогодишниот фестивал го посветуваме и по повод одбележувањето 500 години постоење на град Куманово.

loading...

Организаторот на фестивалот е МКЦ„Козјак“ Куманово.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments