14 години од масакрот кај Карпалак

Сподели со своите пријатели

На 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, во заседа беше нападнат конвој на АРМ, при што загинаа 10 војници.

Loading...

Најблиските пријатели, соборци, претставници на Армијата на Република македонија, локалната самоуправа на град Прилеп, институции, партии и граѓани положија свежо цвеќе и се поклонија во знак на сеќавање на загинатите бранители: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце .

– Тие го дадоа нивното утре за ние да го живееме нашето денес, рече меѓу другото во своето обраќање пред присутните потполковник Ѓорѓи Василевски.

Василевски нагласи дека ниту еден војник, ниту командир не може да ги подготви да се носат со човечките жртви.

– Споменикот во касарната не случајно е ставен на крстопат, како што животот е непредвидлив. Во историјата на нашата нација, во сите генерации, постојат такви кои стојат исправено. Тие ги креваат сопствените раце во моментите кога од нив е побарано, облекуваат униформа и го ставаат својот живот во залот на државата, семејството, пријателите, колегите. Од нас се бара да бидеме постојано подготвени, ментално и физички да исчекориме напред. Затоа, за нас припадниците на Армијата и на нашата единица, овој ден и овој споменик не потсетуваат колку е скап влогот кој нашата професија и посветеност го бара од нас, рече потполковник Василевски.

Присутните ја посетија Спомен-собата во кругот на Касарната која ги чува документите и спомените на борците од НОБ, но и на десетте прилепски бранители кои загинаа кај Карпалак во 2001.

Според претседателот на Советот на Општина Прилеп, Никола Димески, Прилеп со почит се сеќава на своите десет бранители.

– Нека нивната храброст и пожртвуваност за татковината, денес ни бидат водилки за сите решенија кои ќе ги носиме во државата. Да има мир и заедничко разбирање за да не се повторат никогаш вакви воени конфликти, рече Димески.

Loading...

Ниту денес не е расветлена нивната смрт, ниту пак некој одговарал за овој грозоморен чин.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.