13-годишно девојче почина во Куманово, откако врз него паднала статива

Сподели со своите пријатели

Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.

Loading...

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.

Leave a Reply