11 пожари за еден час избувнаа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За еден час денеска попладне биле пријавени вкупно 11 пожари на територијата на Општина Куманово.

Loading...

 

 

– Денеска, во периодот помеѓу 13:00 и 14:00 часот, во ТППЕ Куманово се пријавени 11 пожари на различни локации во градот, приградските населби и селата, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Во Којнаре кај м.в. Палестина гореше сува трева на поголема површина во близина на куќите, а според кажувањето на мештаните опожарена е и една куќа. На помош имаше едно противпожарно возило, а интервенираше тешка механизација на приватни компании и две цистерни со вода, заедно со локалното население.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Огромна површина зафатена од пожар во селото Војник (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

 

 

– Апелирам до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворен простор, да внимаваат при фрлање отпушоци и да не опожаруваат стрништа и отпад. Ги замолувам сите граѓани кои ќе забележат сомнителни движења на поединци или групи во близина на отворени површини, стрништа, висока трева или подрачја со вегетација, особено во близина на зачадени места, веднаш да ги пријават во МВР на бројот 192, вели градоначалникот Димитриевски.

 

 

Loading...

Екипите на ТППЕ Куманово неуморно се борат со пожарите, а голем непријател им е силниот ветер кој денеска дува.

Никола Ивановски