11-годишно дете повредено во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 10,40 часот во Куманово на крстосницата од бул.„3-та МУБ“, бул.„Октомвриска Револуција“ и ул.„Б.Б.Гуцман“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици управувано од Ј.М.(53) од Куманово удрило во 11 годишно дете-пешак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата детето се здобило со тешка телесна повреда по што му била укажана лекарска помош во ОБ-Куманово и било задржано на понатамошно лекување.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.