03.06.2019 13:37

10 пати зголемен бројот на дебели деца во последните 40 години


Бројот на дебели деца и адолесценти 10 пати се зголемил од 1975 година, иако во светот и натаму има неухранети деца, покажува студија објавена вчера која повикува на борба против тие две појави предизвикани од лошата исхрана.

Доколку се продолжат трендовите забележни во последните години, до 2022 година бројот на гојазни деац ќе го надмине бројот на наухранети деца, предвидуваат авторите на студијата објавена во британското медицинско списание „Лансет“.

loading...

Дебелината доведува до ран пубертет кај девојчињата

Во 2016 година 124 илиони млади од пет до 19 години биле гојазни, а во 1975 година само 11 милиони, се наведува во студијата која заедно ја спровеле Империјал колеџ во Лондон и Светската здравствена организација.

Дебелината ја има во сите реигони од светот, пишува АФП. Најтешка е состојбата на островите Полинезија, во Тихиот океан, каде повеќе од 30 отсто од младите се дебели, а повеќе од 20 отсто дебели деца има во САД, Египет и Саудиска Арабија.

СЗО: Алармантни бројки за дебелината и употребата на цигари и алкохол во Европа

Стапката на дебелина од пред неколку години достигна рв во богатите земји, но продолжува да расте и во земјите со слаб или среден развој.

– Иако стапката на дебелината изгледа дека се стабилизира во поголемите европски земји со високи приходи, алармантно се забрзува во другите делови од светот, рекол професорот Маџид Езати од Империјал колеџот во Лондон.

Спиењето влијае на слабеењето – Ослободете се од вишокот килограми со овие навики

Бројот на неухранети деца полека опаѓа од 2000 година, освен во јужна и југоисточна Азија и централна, источна и западна Африка.

loading...

Минатата година биле регистрирани 192 починати или тешко ухранети деца, наведуваат авторите, кои анализирале порадоци од 31,5 милиони млади во 200 држави.

Европејците живеат подолго, но се предебели и премногу пушат

Две третини од младите со недоволна тежина живеат во југоисточна Азија, претежно во Индија.

Езати реол дека податоците укажуваат дека набргу би можело да се случи бројот на деца со прекумерна тежина да го прмеине бројот на оние чија тежина е недоволна.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments