10 најбогати семејства во светот: Ги поседуваат најмоќните светски брендови!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Неодамна на веб-порталот Блумберг беше објавена листа на најбогати семејства во светот во 2020 година.

На нејзино чело е семејството Волтон, кое вреди дури 215 милијарди долари. Богатството на ова семејство доаѓа од сопственоста на компанијата Walmart, специјализирана за малопродажба, која поседува дури 11.000 продавници ширум светот.

 

 

Второ на списокот е семејството Марс, кое е сопственик на истоимената компанија, позната на сите љубители на слатки. Интересно е што тие заработија дел од своето богатство од 120 милијарди долари, благодарение на неколку популарни брендови храна за кучиња.

 

Loading...

 

Семејството Коук е трето со богатство од 109,7 милијарди долари. Го поседуваат големиот конгломерат Koch Industries, кој е многу активен во енергетските, хемиските, финансиските и другите економски полиња.

 

 

Четврта на листата на најбогати семејства е кралската династија Ал Сауд од Саудиска Арабија, со богатство од 95 милијарди долари, додека петто на списокот е индиското семејство Амбани (81,3 милијарди долари), во чија сопственост е на корпорацијата „Reliance Industries“.

 

Loading...

 

Две француски семејства го заземаат шестото и седмото место. Станува збор за семејството Дима (63,9 милијарди долари), сопственик на модната марка Хермес и семејството Вертхајмер (54,4 милијарди долари), кое е сопственик на модниот бренд Шанел.

 

 

Благодарение на нивниот инвестициски фонд „Fidelity Investments“, американското семејство Џонсон поседува 46,3 милијарди долари и е на осмото место на листата.

 

Loading...

 

Фармацевтската компанија Boehringer Ingelheim е во сопственост на семејството Берингер и семејството Фон Баумбах, кои се обединија по бракот на Ерих Фон Баумбах со ќерката на тогашниот сопственик на компанијата, Алберт Берингер Јуниор.

Овие семејства заедно имаат 45,7 милијарди долари, што ги става на деветтото место на списокот на Блумберг.

 

 

Loading...

Семејството Албрехт од Германија е десетто со богатство од 41 милијарда долари. Тоа е сопственик на многу успешен трговски ланец Алди.

 

Leave a Reply