10-годишно девојче родило дете откако чичко и ја силувал со месеци

Сподели со своите пријатели

Девојче (10) кое било жртва на силување во Индија, родила ќерка откако не и било дозволено да абортира. Неа со месеци наводно ја силувал сопствениот чичко, прекесува „Индепендент“.

Бременоста била откриена откако девојчето се пожаило на своите родители дека има болки во стомакот. Меѓутоа, судот не и дозволил да ја прекине бременоста затоа што веќе била во 26 недела.

Според одредени извештаи, на девојчето никогаш не и кажале дека е трудно, па дури и не знае дека родило бебе. Таа се породила со царски рез во четврток наутро. Родителите и рекла дека мора да операција поради камен во бубрегот и не дозволиле лекарите да и ја кажат вистината.

Девојчето и бебето се чувствуваат добро, пренесува Дасари Хариш, еден од лекарите кој се грижел за девојчето, пишува CNN.

Според законот од 1970 година во Индија е забранет абортус по 20 недела од бременоста, иако судовите направиле исклучоци кога фетусот не можел да преживее или кога животот на мајката бил во опасност.