ЗОИ 2018: Шведска триумфираше во штафета во бијатлон

Сподели со своите пријатели

Шведските бијатлонци го освоија златниот медал во штафета на четири по седум ипол километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Швеѓаните во состав Пепе Фемлинг, Јеспер Нелин, Себастијан Самјуелсон и Фредерик Линдстрем победија со време од еден час, петнаесет минути, шеснаесет секунди и пет стотинки.

Норважните со заостанување од 55,5 секунди се најдоа на второто место, додека Германија ја освои бронзата со две минути заостанување од победниците./МИА

Leave a Reply