Воз со меѓународна линија каменуван во село Черкезе

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 22.55 часот во близина на село Черкези, кумановско, помеѓу стојалиште „Карпош“ и железничка станица Куманово, неколку непознати лица извршиле каменување на меѓународниот воз кој сообраќа на релација Скопје–Белград, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, било искршено едно прозорско стакло од еден вагон, сопственост на железница на Република Србија. Од каменувањето нема повредени патници. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.