Волонтери денес ќе се вклучат во потрагата по Драган Цветковски

Сподели со своите пријатели

Откако потрагата на полицијата и семејството не даде резултати за пронаоѓање на Драган Цветковски, кој се води за исчезнат од 19ти декември, неговите роднини на социјалните мрежи бараат помош од волонтери.

Ги повикуваат сите добронамерни граѓани кои сакаат и можат да помогнат денес во 14 часот да дојдат на крстосницата кај ресторанот „Бела Дона“ во населбата Гоце Делчев и да се поделат во групи за да заедно трагаат по исчезнатиот педесет и деветгодишен сограѓанин.

Како што потенцираат од семејството секоја помош е добредојдена.

 

Loading...