Велигденска честитка до граѓаните на Општина Куманово испрати и Претседателот на Советот на општината, Александар Арсиќ.
Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и ги симболизира нашите традиционални и културни вредност и со години наназад не учи на задништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските. Нека овој празник не исполни со добра мисла, мир и спокој, да побараме милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите. Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакувам топлина во домот, мир и разбирање. Со мир во душата и љубов во срцето, голема верба во бога и слава на Исус Христос, да се радуваме, сакаме и почитуваме. Нека ни е честит и вековит Велигден! Христос воскресна! Навистина воскресна!- изјави Арсиќ.
Loading...