Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски

Сподели со своите пријатели

Почитувани сограѓани,

Во миговите на искушенија,предизвици и заедничко доживување на нашата општествена ситуација, време е да им се поклониме  на нашите традиционални и духовни вредности. Прославувајќи го Христовото Воскресение ја славиме безусловната љубов и разбирање меѓу сите луѓе. Во овие празнични денови, да ја шириме и јакнеме верата,националаната и меѓунационалната толеранција, да го негуваме и развиваме нашиот културен и национален идентитет. Нека ни е честит Велигден и нека Господ ни даде  сила,вера и благослов,за да го сочуваме онаа што го имаме,чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Христовоти Воскресение да Ви донесе мир и спокој, како и надеж за поубаво утре на сите нас.  Среќен празник – стои во честитката на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.