16.09.2017 12:02

Уште еден воз каменуван во кумановско

loading...

Вчера околу во 17,00 часот возот кој сообраќал на релација Скопје– Табановце, во близина на село Опае-кумановско, кај место викано „Опачка рампа“ бил каменуван од страна на непознати лица, од што било скршено едно прозорско стакло од врата.

Повредени патници и возен персонал нема. Се превземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Завчера во село Черкезе беше каменуван и воз кој сообраќа на меѓународната линија Скопје – Белград.

Воз со меѓународна линија каменуван во село Черкезе


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments