Стојанче Величковиќ именуван за нов началник на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Стојанче Величковиќ се именува за началник на Секторот за внатрешни работи Куманово, откако министерот Оливер Спасовски го разреши од работното место Моме Јакимовски и го постави за дополнителен заменик на началникот на СВР Куманово.

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски вчера изврши промена на дел од раководните позиции во МВР.

Сменети се вкупно 13 лица, меѓу кои началниците на СВР Куманово, Битола, Велес, Штип, Охрид и Струмица, како и некои високи функционери од Министерството.

 

Loading...