Сè уште се трага по исчезнатата кумановчанка

Сподели со своите пријатели

Полициските службеници и членовите на семејството веќе од 27 август активно се во потрага по седумдесет и едногодишната Душанка Митровска која исчезна од нејзиниот дом лоциран на улицата „Тоде Думба“ во Куманово.

1515

Loading...

Вечерта кога исчезнала истата била видена како се упатува кон населбата Гоце Делчев, а роднините велат дека според информациите кои ги добивале од граѓаните таа била видувана во близина на ООУ „Бајрам Шабани“ и градскиот пазар во Куманово, но потрагата во која се вклучени и кучиња трагачи засега не дава никакви резултати.

Митровска имала здравствени проблеми и претходно не излегувала во текот на ноќта без придружба од некој член на семејството, но вечерта на 27 август останала сама во домот по што и се губи секаква трага. Била облечена во пижами и сина блуза. Има кратка костенлива коса и средна височина.

Роднините се очајни и го губат трпението од ден на ден. Апелираат до сите граѓани кои мислат дека ја виделе да се јават на семејството на бројот 078 334 953 или во најблиската полициска станица.