Полицијата се вклучи во потрагата по исчезнатата кумановчанка

Сподели со своите пријатели

Од вчеравечер во потрагата по исчезнатата 71-годишна кумановчанка се вклучи и полицијата, но како што рекоа од СВР Куманово за Кумановски Муабети, истата се уште не е пронајдена и дека полициски службеници активно трагаат по неа.

Вчера до нашата редакција се обрати нејзината ќерка во надеж дека некој ја видел нејзината мајка чија трага се губи од сабота од 22 часот.

Последен пат жената била видена кога се движела по улицата „Тоде Думба“ кон населбата Гоце Делчев. Има кратка смеѓа кратка коса со средна височина, а најверојатно била облечена во сина блуза или пижами.

Сите кои мислат дека ја виделе или препознале од фотографијата и описот, да се јават на нејзината ќерка Кети на телефонскиот број 078 334 953 или во СВР Куманово на 192.