07.11.2016 14:16

Петмина кумановци на листата пратеници на СДСМ во втора изборна единица


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги објави имињата кои ќе се најдат на листите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември.

Носител на листата во изборна единица 2 е Оливер Спасовски, а на листата се најдоа и Максим Димитриевски кој е на шеста позиција на листата, Лидија Тасевска, актуелен директор на СОУ „Перо Наков“ која е на 12-та позиција, Жаклина Јовановска, претседател на Општинската организација на СДСМ во Старо Нагоричане, која се најде на 16 позиција, додека на 18та се наоѓа Мартин Захариев, студент и пожарникар.

Актуелните општински функционери оваа година останаа без можнсот да се борат за местото пратеник.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments